Dmitri Chirciu
16 Октомври 2020•Ажурирај: 16 Октомври 2020
МОСКВА (АА) - Во Русија бројот на починати од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се искачи на 23.723, додека бројот на дијагностицирани случаи во земјата порасна на 1.369.313, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на рускиот Центар за контрола и спречување на ширењето на коронавирусот, во последните 24 часа во земјата откриени се 15.150 нови случаи на вирусот, со што е забележан рекорд на дневно откриени случаи од почетокот на пандемијата.
Со ова, вкупниот број на дијагностицирани случаи се зголеми на 1.369.313.
Во последните 24 часа од Ковид-19 починаа уште 232 лица. Со ова, вкупната бројка на починати во земјата порасна на 23.723.
Оздравеа уште 8.485 лицa, со што вкупно оздравени од почетокот на епидемијата во земјата се 1.056.582 лица.
Во Русија направени се над 52,7 милиони тестирања за Ковид-19.