свет

Трамп ги нарече Твитер и Фејсбук продолжена рака на Демократската партија

„Изгледа дека Твитер и Фејсбук придонесуваат многу во изборната кампања на Бајден. Тие работат како трета рака на Демократската партија и радикалното левичарско движење“

Dildar Baykan  | 16.10.2020 - Обновена : 17.10.2020
Трамп ги нарече Твитер и Фејсбук продолжена рака на Демократската партија

ВАШИНГТОН - Откако се дозна дека Твитер и Фејсбук го ограничиле ширењето на веста во врска со електронската пошта на синот на Џо Бајден, демократскиот конкурент на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, тој за овие две социјални мрежи ја упати следната критика: „Тие работат како трета рака на Демократската партија и радикалното левичарско движење“, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Трамп, во живо, телефонски се поврза со телевизискиот канал „Фокс бизнис“ (Fox Business).

Опширно зборувајќи за веста што вчера ја објави весникот „Њујорк пост“ (New York Post), во врска со украинската енергетска компанија „Бурисма“, во која синот на Џо Бајден е член на управниот одбор и за нејзините конекции со Кина, Трамп ги критикуваше и Бајден и социјалните мрежи кои го ограничија споделувањето на овие вести.

Посочувајќи дека Хантер, синот на Бајден, бил исфрлен од војската и останал без работа, Трамп рече: „Џо Бајден е политичар кој е потонат во корупција. Хантер почна да заработува милиони долари откако татко му стана потпретседател на САД. Му помагаше и татко му.“

Истакна дека и неговиот противник од демократите треба да биде испитан како него. „Ако Бајден помине низ истрагата спроведена од страна на Мулер како што поминав јас, за 24 часа тие ќе најдат многу работи за него. Тие не можеа да најдат ништо за мене.“


- „Медиумите се непријател на народот во оваа земја“ -

Трамп, обвинувајќи ги американските медиуми дека се обиделе да ја прикријат веста за протокот на електронските пораки на Хантер Бајден и откривањето на конекцијата на Џо Бајден со „Бурисма“, не ставајќи ја меѓу главните наслови, реагираше и кон Фејсбук и Твитер, кои го ограничија споделувањето на веста.

„Изгледа дека Твитер и Фејсбук придонесуваат многу во изборната кампања на Бајден. Тие работат како трета рака на Демократската партија и радикалното левичарско движење“, рече Трамп.

Посочувајќи дека медиумите, веста наместо на насловна, ја фрлиле на задните страници, Трамп ја упати следната критика: „Медиумите се непријатели на луѓето во оваа земја.“

Во врска со преземањето строги мерки поради зголемениот број на заразени со Ковид-19 во некои од европските земји, Трамп рече: „Повеќе нема да применуваме карантин. Ние сме во добра ситуација.“


- „Се чувствував како Супермен“ -

Подвлекувајќи дека во периодот на пандемијата на Ковид-19 научиле многу, Трамп даде пример со неговиот син Барон Трамп, кој беше заразен со вирусот, истакнувајќи дека младата популација има посилен имунитет против вирусот.

Трамп, исто така, упатувајќи пофалби за коктелот со антитела што му беше даден во периодот кога беше заразен со коронавирусот, го употреби изразот: „За еден ден се чувствував како Супермен и сакав да ја напуштам болницата.“

На прашањето дали евентуалните вакцини против Ковид-19 ќе бидат дистрибуирани пред новата година, Трамп го даде следниот коментар: „Голема е веројатноста дека ќе ја дистрибуираме. Доколку во сета оваа работа не беше вмешана политиката, вакцината ќе ја подготвевме пред изборите.“

Трамп, исто така, истакнувајќи дека веќе подолг период не се сретнал со кинескиот претседател Си Ѓинпинг, потенцира: „Не сакав да се сретнам со него.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.