Kemal Zorlak
29 Ноември 2017•Ажурирај: 30 Ноември 2017
САРАЕВО (AA) - Поранешниот начелник на Главниот стожер на Хрватскиот совет за одбрана (ХВО) почина во болница откако во хашката судница испи отров откако Меѓународниот казнениот суд за поранешна Југославија (МКСЈ) му ја потврди казната од 20 години затвор за воени злосторства, јавува Anadolu Agency (AA).
Официјална информација за неговата смрт ја потврди Ненад Голчевски, портпаролот на Хашкиот трибунал.
„Господин Праљак е однесен во блиската болница за да му се укаже понатамошна медицинска помош и таму починал. Во согласност со стандардните процедури, холандските власти покренаа независна истрага. Меѓународниот суд изрази сочувство на членовите на семејството"м рече Голчевски.
Жалбениот совет на Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија денеска во Хаг ја изрече жалбената пресуда во предметот Прлиќ и останатите. Откако жалбениот совет ја потврди првостепената казна од 20 години затвор на Праљак, тој рече: „Слободан Праљак не е воен злосторник. Протестно ја отфрлам вашата пресуда", рече Праљак и испи течност од шишето.
Жалбениот совет на Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија (МКСЈ) ги потврди казните од првостепената пресуда од 2013. година на Јадранко Прлиќ, Бруно Стојиќ, Слободан Праљак, Миливое Петковиќ, Валентин Ќориќ и Берислав Пушиќ со која се прогласени за виновни за злосторствата против муслиманско-бошњачко население во таканаречената Хрватска Република Херцег-Босна (ХРХБ) и осудени се вкупно на 111 години затвор. Потврдена е пресуда од 25 години затвор на поранешниот претседател на Хрватскиот совет за одбрана (ХВО) и претседателот на Владата на ХРХБ Јадранко Прлиќ, и по 20 години на поранешниот начелник на одделот на одбраната задолжен за оружените сили на ХРХБ Бруно Стојиќ и поранешниот командант на Главниот стожер на ХВО Слободан Праљак.
Судењето започна на 26. април 2006. година, а завршните зборови се изнесени од 7. февруари до 2. март 2011 година.