Besar Ademi
11 Декември 2017•Ажурирај: 12 Декември 2017
ПРИЗРЕН (АА) - Премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, утрешната најавена посета на премиерот на Македонија, Зоран Заев, на Косово ја смета како можност за понатамошно подобрување на односите меѓу двете соседни земји, јавува Anadolu Agency (AA).
„Косово и Македонија се соседи на кои им се потребни добри односи. Без оглед на тешкотиите што може да ги имаме, треба да најдеме начин за продлабочување на односите. Верувам дека утрешната посета е доказ дека односите Косово-Македонија може да се подобрат многу повеќе“, рече премиерот Харадинај.
Коментарите на косовскиот премиер за посетата на македонскиот колега доаѓаат по посетата на училиштето „International Maarif Schools of Kosova“ (Интернационални училишта Маариф на Косово) во Призрен, придружуван од турската амбасадорка во Косово, Кивилџим Килич.
Посетата на премиерот Заев на Косово беше најавена од премиерот Харадинај, на социјалните мрежи, а средбата тој ја пофали како „знак на добра волја за понатамошен развој на односите меѓу Косово и Македонија“.