Admir Fazlagic
11 Декември 2017•Ажурирај: 11 Декември 2017
СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, поднесе неотповиклива оставка на денешниот состанок на Централниот комитет на партијата, пренесува Anadolu Agency (AA).
ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи вонреден конгрес на 22 и 23 декември при што ќе биде избиран нов партиски претседател.
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски информираше дека вонредниот конгрес ќе се одржи во Валандово, како и дека на него ќе учествуваат 544 делегати кои ќе треба да го изберат наследникот на досегашниот партиски лидер Никола Груевски.
Инаку, Никола Груевски беше министер за финансии во владата на ВМРО-ДПМНЕ од 1998 до 2002 година, претседател на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ од мај 2003 година и претседател на владата на Република Македонија од 2006 до 2016 година.