Besar Ademi
30 Декември 2015•Ажурирај: 31 Декември 2015
СКОПЈЕ (АА) - Управата за заштита на културното наследство во Археолошкиот музеј на Македонија беше домаќин на деветтата годишна изложба на архитектура, во која беа презентирани артефактите од овогодинешните ископувања откриени во археолошките локалитети на територијата на Македонија, јавува Anadolu Agency (AA).
Во "Археолошка изложба 2015", која ќе биде отворена до 1-ви март 2016 година, се вклучени 700 средновековни артефакти од 60 археолошки локалитети во земјата, некои добро познати во полето на науката, а некои се откриени оваа година.
Премиерот на Македонија, Никола Груевски, кој беше присутен на изложбата, рече дека сите овие средновековни артефакти и археолошки локалитети на Македонија, покрај интересот вожувањето средства е од непроценливо значење за идентитетот, историјата, традицијата и културата на луѓето во овој регион.
"Сите овие артефакти се непроценливо богатство за нашата земја, оставаaт белег на нашата култура, ја чуваат нашата мината култура и во најдобар можен начин ја афирмираат нашата држава. Воспоставувањето на археолошкиот катастар, откривањето на нови археолошки локалитети и збогатувањето на витрините на музеите во иднина ќе придонесе повеќе за развојот на туризмот во Македонија. Нашите археолошки истражувања во сите овие години потврдуваат дека Република Македонија има што да покаже пред светот ", рече Груевски.
Директорката на Археолошкиот музеј на Македонија, Васела Честоева рече дека музејот кој таа го раководи, оваа година има спроведено два големи проекти, дел од капиталните проекти на Владата, и катастарските археолошки и археолошки истражувања во тврдината на Кичево.
"Оваа изложба е уште еден доказ на богатото културно наследство на земјата и на континуираната цивилизација, со што се потврдува нашиот опстанок на овие простори со векови. Ова е само мала причина поради која нашите специјални напори се карактеризираат со голема важност ", рече Честоева.
На отворањето на археолошката изложба, одржа говор и министерот за култура на Македонија, Елизабета Канческа Милевска, која истакна дека сите овие средновековни откритија, освен нивната важност на национален план, имаат големо значење и за позицијата на Република Македонија на меѓународен план.