Admir Fazlagic
17 Декември 2016•Ажурирај: 18 Декември 2016
СКОПЈЕ (АА) – Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вечерва се обрати пред присутните граѓани, поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ кои бараат од ДИК да ги прогласи резултатите од одржаните предвремени парламентарни избори на 11 декември, јавува Anadolu Agency (AA).
Во својот говор, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски побара институциите да ја почитуваат волјата на граѓаните и да работат во согласност со законот. Порача дека ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи „понатамошно мешање на амбасадори во внатрешно политички прашања во земјата", и побара, како што рече „ да осатнат во рамките на своите однесувања како дипломати".
Груевски рече дека Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва заседавал и донел Проглас со кој што ќе ги информира,како што рече, „сите чиишто очи се вперени во одбраната на демократијата на Република Макеоднија."
„Прво, ДИК донесе незаконски одлуки со цел изигрување на изборната волја на народот. Работата на ДИК се претвори во пародија. Имаме информации за вмешување на некои странски претставници со цел вршење влијание на некои од членовите од ДИК а во правец на пост-изборен инжињеринг а во правец на фалсификвуање на изборната волја на граѓаните на Република Македонија. Некои од независните претставници на ДИК не се независни. Незаконските одлуки на ДИК може да ги коригира управниот суд. Повикуваме да не се врши никаков притисок на Управниот суд од никого. Доколку и Управниот суд подлегне на влијанијата од страна и ги потврди незаконските одлуки на ДИК и со тоа се одзеде победата на ВМРО-ДПМНЕ и се фалсикфикува слободно изразената волја на граѓаните на Македонија, ВМРО-ДПМНЕ објавува дека нема да учествува во прегласувањето и нема да ги признае резултатите од ова прегласување".
„Аболицираниот криминалец Зоран Заев нема да дозволиме да формира влада со фалсификувана волја на граѓаните на Република Макеоднија. ВМРО ДПМНЕ нема да дозволи функцонирање на институции со фалсификувана волја на граѓаните и функционирање на институции кои го немаат легитимитетот на граѓаните на Република Македонија", порача Груевски.
„Второ, државата мора суверено да ги носи одлуките. Некои амбасадори почнаа премногу да се мешаат во внатрешната политика на земјата. Тоа мора да запре. Остануваме отворени за комуникација со сите амбасадори и претставници на други држави но некои кои почнаа премногу да се мешааат во нашата внатрешна политика мора да престанат да го прават тоа", рече Груевски читајќи го Прогласот на ВМРО-ДПМНЕ.
„ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи понатамошно мешање на амбасадори во внатрешно политички прашања во земјата. Бараме да остнат во рамките на своите однесувања како дипломати. ВМРО-ДПМНЕ го напушта форматот на состаноци и преговори со други политички партии во кои учествуваат амбасадори, странски посредници или претставници на други држави а на кои се преговара или се носат одлуки за кои во секоја држава одлучуваат претствниците избрани од народот", порача Груевски
„Трето, ВМРО-ДПМНЕ во иднина нема да прифањаќа нестандардни или хибридни решенија во било кој сектор доколку истите ги нема во другите земји членки на ЕУ", додаде тој.
„Четврто, ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати и нема да дозволи кантнонизација и редефинирање на државата под било какви услови и под било какви околности", истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски.
„Пето, ќе се бориме за десоросоизација на Република Макеоднија и јакнење на независен граѓански сектор кој нема да биде под ничија контрола. Ќе се пристапи кон регулирање на областа на финансирање на фондациите и невладините организации по теркот на најмодерните демократии во светот", наведе Груевски.
„ВМРО ДПМНЕ и историски и во сегашноста и во иднина била и ќе биде прозападна партија. Нашата ориентација е членство во НАТО и ЕУ и стратешко пријателство со САД. Темелна вредност на НАТО, ЕУ и САД е демократијата и овој проглас е проглас за заштита на демократијата во Република Макеодонија", порача Груевски пред собраните граѓани пред зградата на ДИК, каде што се одржува седница за последниот приговор на СДСМ.