Admir Fazlagic
01 Јуни 2019•Ажурирај: 02 Јуни 2019
СКОПЈЕ (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и амбасадорите на земјите членки на НАТО со нивните придружни делегации, утре ќе пристигнат во официјална посета на Република Северна Македонија (РСМ) во рамките на која ќе се состанат со државниот врв, јавува Anadolu Agency (AA).
Во недела, на „Меѓународниот аеродром Скопје“, во организација на Владата на РСМ, ќе биде организиран свечерн пречек на генералниот секретар на НАТО и делегацијата.
По пристигнувањето во земјата, во Собранието на Република Северна Македонија ќе биде приреден свечен прием на Столтенберг и делегацијата, а претседателот на Собранието на Северна Македонија, Талат Џафери приредува вечера во чест на генералниот секретар на НАТО и делегацијата на Северноатланскиот Совет.
Наредниот ден, односно во понеделник на трети јуни, пред Владата на РСМ ќе биде одржан свечен пречек со највисоки државни и воени почести на генералниот секретар на НАТО Столтенберг.
По свечениот пречек пред Владата, ќе се одржи состанокот на Северно-Атланскиот Совет со Комитет за интеграција на Република Северна Македонија во НАТО. На состанокот воведни обраќања ќе имаат генералниот секретар на НАТО и премиерот на РСМ, Зорран Заев, а по завршување на состанокот ќе се одржи заедничка прес-конференција на премиерот Заев и генералниот секретар на НАТО, Столтенберг.
По состанокот, генералниот секретар на НАТО и делегацијата на амбасадори ќе се упатат на свечен прием и средба во Кабинетот на претседателот на државата, Стево Пендаровски.
Северноатлантскиот совет е главното политичко тело кое донесува одлуки во НАТО. Советот ги разгледува воените политики и процеси поврзани со безбедносното прашање што влијаат врз Алијансата. Советот го сочинуваат претставници на земјите членки на Алијансата, а претседател на Советот е генералниот секретар.
Пред пристигнувањето во Северна Македонија, утре, Столтенберг и Северноатланскиот совет ќе престојуваат во посета на Албанија, каде ќе се состанат со претставниците на државниот врв на оваа земја.
Столтенберг во Северна Македонија престојуваше во септември минатата година во пресрет на референдумот за промена на името според Преспанскиот договор, при што порача дека земјата има историска можност да стане членка на НАТО и на Европската Унија, но за да го направи тоа, мора да се согласи со Договорот за името (Преспанскиот доовор постигнат помеѓу владите на Северна Македонија и Грција), бидејќи, како што рече, нема друг пат за зачленување во НАТО.