Vesna Besiç
24 Јуни 2017•Ажурирај: 25 Јуни 2017
БЕЛГРАД (AA) - Претседателот на Република Србија Александар Вучиќ се состана утрово во вилата Мир со претседателот на Големото народно Собрание на Република Турција Исмаил Кахраман, при што му се заблагодари на доаѓањето и го замоли да пренесе благодарност на претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, бидејќи испраќањето на така висок претставник е добар сигнал за јакнење на меѓусебните односи на двете земји, пренесува Anadolu Agency (AA).
Вучиќ истакна дека односите одат во нагорна линија и можат да бидат многу подобри во иднина. Тој нагласи дека Србија и Турција значително ги унапредиле економските, а во политичките односи постои се повеќе разбирање. Вучиќ ја истакна важноста на соработката на двата парламента.
Претседателот на Големото народно Собрание на Република Турција, Кахраман, му честиташе на претседателот на Србија, Александар Вучиќ на изборната победа и го покани да присуствува на Светскиот форум за нафта кој во јули се одржува во Истанбул.
Тој исто така истакна дека Турција подготвува посета на претседателот Ердоган на Србија.
„Како за Турција, така и за целиот регион, Србија е многу важна земја. Сакаме да ги развиваме нашите економски односи и што поголем број турски бизнисмени да инвестира во вашата земја", рече Кахраман и додаде дека е голем интересот на турската бизнис заедница за инвестирање во Србија, посебно во областа на инфраструктурата.
Тој му се заблагодари на претседателот Алексадар Вучиќ на личната поддршка на турските инвеститори.