Балкан

Скопје: Тркалезна маса по повод 20-годишнината од Охридскиот договор

Тркалезната маса одржана по повод 20-годишнината од Охридскиот договор, е организирана од страна на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје

Abdulbesar Ademi  | 04.08.2021 - Обновена : 06.08.2021
Скопје: Тркалезна маса по повод 20-годишнината од Охридскиот договор Фото: Edıta Zekjırovıkj / АА

Üsküp

СКОПЈЕ (АА) - Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците на Северна Македонија, Артан Груби, учествуваше на тркалезната маса одржана по повод 20-годишнината од Охридскиот договор, што беше организирана од страна на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, јавува Агенција Анадолија (АА).

Груби имаше свое обраќање на оваа тркалезна маса, при што рече дека еден од главните столбови на Охридскиот договор е високото образование, кое, според него, започнало со легализирањето на Тетовскиот државен универзитет, укажувајќи и на легализирањето на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.

„Универзитетот Мајка Тереза е еволуција по себе на Охридскиот мировен договор. Основан е без никаков вик, без никаква критика, без глас на противење во Собранието, но на најдобар и најтивок можен начин со многу широка поддршка“, рече Груби.

Осврнувајќи се на одбележувањето на 20-годишнината од Охридскиот договор, Груби нагласи дека оваа година мотото ќе биде „По Охрид“.

Груби истакна дека сите заедници во земјата треба да ја градат иднината на земјата во духот на Охридскиот договор.

Инаку, Охридскиот рамковен договор беше потпишан на 13 август 2001 година меѓу најголемите политички партии во земјата и специјалните претставници на Европската Унија и САД, и со него се стави крај на меѓуетничкиот конфликт во 2001 година помеѓу двете најголеми етнички заедници во земјата, Албанците и Македонците.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.