Dzihat Aliju
03 Август 2021•Ажурирај: 04 Август 2021
СКОПЈЕ
Ердоган Сарач, претседателот на Турското движење за национално единство (ТМБХ), ја осуди одлуката на Грција да затвори уште 12 основни училишта што му припаѓаат на турското малцинство во Западна Тракија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писмената изјава дадена од ТМБХ се наведува дека како партија, остро го осудуваат ограничувањето на основните права и слободи на Турците од Западна Тракија од страна на Грција која е членка на Европската Унија (ЕУ).
Овој чекор, како што велат во партијата, не можат да го вклопат во ниту една правна форма.
Во соопштението се наведува дека Грција, таканаречената „лулка на демократијата“, ги узурпирала основните права и слободи на Турците во Западна Тракија и јасно и отворено ги принудила на асимилација.
„Одлуката за затворање на вкупно 12 турски основни училишта, 8 во Родоп и 4 во Скеча од учебната 2021/22 година, е многу тажна и неоснована одлука. Оправдувањата како што се таканаречените мерки за штедење и недоволен број ученици никогаш не се прифатливи и не се во согласност со правото на ЕУ. Исто така се во спротивност и со мировниот договор од Лозана и со меѓународните декларации за права и слободи. Земја на ЕУ која го крши законот за човековите права и слободи никогаш не може да биде лулка на демократијата. Затоа итно бараме ЕУ да интервенира во Грција за да ги брани сопствените принципи.“
Во изјавата во која се истакнува солидарноста на Турското движење за национално единство (ТМБХ) со своите сограѓани на кои им е нанесена неправда и навреда, се додава:
„Меѓународното право и човековите права и слободи треба да владеат во суштина, а не со зборови. Можно е ЕУ да зборува за граѓанско општество ако само обезбеди закон и владеење на правото без оглед на националноста, верата, расата, јазикот и културата. Ние го отфрламе и осудуваме ограничувањето на правата и слободите, како што е образованието, донесено врз основа на нацијата, религијата и јазик. Во оваа прилика, нашите турски пратеници кои се во грчкиот Парламент ги покануваме на должност.“
Грчкото Министерство за образование вчера одлучи да затвори уште 12 малцински училишта, со изговор дека нема доволен број ученици во Западна Тракија.