Dzihat Aliju
28 Мај 2023•Ажурирај: 30 Мај 2023
СКОПЈЕ (АА) - Во Скопје се одржа прослава по повод победата на Реџеп Таип Ердоган на претседателските избори во Туркије, јавува Анадолу.
Стотици граѓани на Северна Македонија и Туркије се собраа и славеа пред Мурат-пашината џамија во Старата скопска чаршија.
Граѓаните носеа турски и албански знамиња, како и знамиња на АК Партија, и извикуваа пароли за Ердоган и Туркије.
Зекерија Кахвеџи од Гостивар во изјавата за новинарот на АА истакна дека во Скопје и на Балканот се слави, како и во целиот свет.
„Победата на реисот (Ердоган) беше многу важна за нас“, нагласи Кахвеџи.
„Ако Туркије е моќна, и Балканот е моќен“, додаде тој.
Меѓу другото, Фикрије Ибиши од Скопје нагласи дека тука се наоѓаат за победата на турскиот претседател Ердоган.
„Реџеп Таип Ердоган е многу значајна личност која има дадено голем придонес во нашата земја. Посакуваме овој придонес да продолжи“, рече таа.
Од друга страна, еден од граѓаните им подели баклава на присутните поради победата на Ердоган.
По прославата пред Мурат-пашината џамија, граѓаните со возила преминаа кај Амбасадата на Туркије во Скопје, од каде што со возилата направија турнеја низ скопските улици.
Безбедносните сили презедоа мерки пред Амбасадата на Туркије во Скопје.