Admir Fazlagikj
04 Август 2020•Ажурирај: 05 Август 2020
СКОПЈЕ
Независниот синдикат на градежни работници, инженери и трговци во градежништвото (НСГРИТГ) организираше прес-конференција пред згрдата на Министерството за труд и социјална политика на Северна Македонија и најави дека ќе организира протест поради најавеното покачување на струјата за 7,4 проценти, сметајќи ја ваквата одлука за „недомаќинско работење", јавува Агенција Анадолија (АА).
Атанас Трајковски од Независниот синдикат на градежни работници, инженери и трговци во градежништвото (НСГРИТГ) во изјава за медиумите рече дека денеска се собрале да го искажат своето незадоволство поради најавеното покачување на струјата.
Според архивските податоци кои ги наведе Трајковски, цената на струјата во 2006 година, ефтина тарифа изнесуваше 1,20 денари по киловат час, а скапата тарифа 2,40 денари по киловат час, во 2011 година цената ефтината тарифа изнесуваше 1,76 денри по киловат час, а скапата тарифа 3,52 денари по киловат час. Како што рече Трајковски, од 2006 до 2011 тоа е покачување од неполни 150 проценти.
Исто така, Трајковски додаде дека во 2018, 2019 и 2020 година ефтина тарифа изнесуваше 2,70 денари по килофат час, а скапа тарифа 5, 54 денари по киловат час каде што во оваа цена е пресметана и ангажираната моќност од 33 посто.
„За 14 години имаме поскапување од 230 проценти или 2,3 пати. Сега пак се најавува покачување од 7,4 проценти, меѓутоа, претпоставувам, не е пресметано ДДВ-то од 18 проценти. Ако го пресметаме и ДДВ-то од 18 проценти покачувањето на струјата ќе биде 8,73 проценти. Така да ова е популизам и удирање по џебот на работникот", изјави Трајковски.
Тој ги повика сите сите производствени работници да излезат на мирен протест, но не најави кога протестот ќе биде одржан.
Страшо Јованов од Независниот синдикат на камионските транспортери истакна дека во текот на пандемијата на коронавирусот (Ковид-19) работниците се оштетени бидејќи финансиските средства наменети за нив завршија во џебовите на газдите.
„Едно од најголемите криминални дејствија што се извршија во текот на оваa година проследена со пандемијата на болеста Ковид-19 е тоа што газдите во име на работниците добија финансиски средства но тие финансиски средства наместо да им ги доделат на работниците тие ги ставија во својот џеб. Тоа е најтежок криминал што можеме да се случи во една држава", рече Јованов.
Потсетуваме, на 31 јули претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на Северна Македонија Марко Бислимоски соопшти дека цената на електричната енергија што ја плаќаат домаќинствата на регулираниот пазар се зголемува за 7,42 отсто, а граѓаните и понатаму ќе можат да ја користат ефтината тарифа во истите период како и досега.