Admir Fazlagic
08 Ноември 2020•Ажурирај: 09 Ноември 2020
СКОПЈЕ
Во Република Северна Македонија во последните 24 часа регистрирани се 26 смртни случаи предизвикани од последиците на коронавирусот (Ковид-19), што е рекордна бројка на регистрирани смртни случаи во едно деноноќие од овој вирус во земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Со ова, вкупната бројка на починати лица од Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 1.136.
Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се регистрирани 978 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на регистрирани случаи на овој вирус во земјата се искачи на 39.760.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 24 оздравени пациенти од Ковид-19, а вкупната бројка на оздравени пациенти од овој вирус изнесува 23.035, а бројката на активни случаи изнесува 15.589.
Досега во земјата се направени вкупно 271.599 тестирања на Ковид -19, а во последните 24 часа се направени 2.667 тестирања.