Ekipa
09 Март 2021•Ажурирај: 10 Март 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 872 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата порасна на 108.350, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од коронавирусот во истиот период починаа 22 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 3.228.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 412 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на излекувани изнесува 95.822.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 е 9.300.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 3.394 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 548.210 тестирања.
Инаку, денес на седница на Владата донесена е одлука за воведување на полициски час со цел спречување на ширењето на коронавирусот, кој ќе трае од 22:00 до 05:00 часот. Забраната за движење во сила стапува утре и ќе трае до 22 март.