Admir Fazlagic
16 Август 2020•Ажурирај: 17 Август 2020
СКОПЈЕ
Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се регистрирани 87 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на случаи со овој вирус во земјата се искачи на 12.739, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство соопшти дека се починати 5 лица од последиците на Ковид-19. Со ова, вкупната бројка на смртните случаи предизвикани од Ковид-19 се искачи на 544.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 51 оздравен пациент од Ковид-19, со што вкупната бројка на оздравени пациенти од овој вирус во земјата се искачи на 9.174, а во моментов бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјата изнесува 3.021.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1156 тестирања на Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 126.284 тестирања на овој вирус.