Ahmet Dursun
16 Август 2020•Ажурирај: 17 Август 2020
АНКАРА (АА) - Во Иран како последица на коронавирусот починаа 147 лица, односно досега вкупно 19.639 лица, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Портпаролката на Министерството за здравство, Сима Садат Лари, во изјавата за државната телевизија истакна дека во последните 24 часа од Ковид-19 починале 147 лица, и дека се потврдени 2.133 нови случаи на вирусот.
Со тоа, објаснува Лари, бројот на починати се зголемил на 19.639, а бројот на заразени на 343.203.
Таа додаде дека на одделите за интензивна нега се наоѓаат 3.881 лице, и дека бројот на излекувани се зголемил на 297.486.
Во Иран досега направени се 861.825 тестирања за коронавирусот.
Првиот случај на Ковид-19 во Иран беше регистриран на 19 февруари.