Северна Македонија: Регистрирани 85 случаи на Ковид-19, починати четири лица
Министерството за здравство соопшти дека се починати 4 лица, со што вкупната бројка на смртните случаи предизвикани од Ковид-19 се искачи на 527
СКОПЈЕ
Во Република Северна Македонија се регистрирани 85 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на случаи со овој вирус во земјата се искачи на 11.839, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство соопшти дека се починати 4 лица, со што вкупната бројка на смртните случаи предизвикани од Ковид-19 се искачи на 527.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 42 оздравени пациенти од Ковид-19. Со ова вкупната бројка на оздравени пациенти од Ковид-19 изнесува 7.664.
Во моментов бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјата изнесува 3.648
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1188 тестирања на Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 114.807 тестирања.