Zylfije Adem Jakupi
09 Август 2020•Ажурирај: 10 Август 2020
ПРИШТИНА
Во Косово во последните 24 часа починаа уште 12 пациенти од последиците на Ковид-19, додека се регистрирани 188 новозаразени со коронавирусот (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Од тестираните 462 примероци сомнителни на коронавирусот, позитивни се 188 случаи", се наведува во соопштението од Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во последните 24 часа излекувани се и 142 пациенти, со што вкупната бројка на опоравени изнесува 5.944.
Од почетокот на епидемијата, во Косово се тестирани 40.646 сомнителни примероци, а присуството на вирусот е потврдено кај 10.247 лица, со 327 смртни случаи.
Моментално се активни 3.976 случаи на заразување со коронавирусот.