Mustafa Melih Ahıshalı
09 Август 2020•Ажурирај: 09 Август 2020
АНКАРА
Во Иран бројот на починати како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 18.427, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролката на Министерството за здравство на Иран, Сима Садат Лари, во изјава за државната телевизија истакна дека во последните 24 часа од Ковид-19 починале уште 163 лица.
Лари нагласи дека со ова, вкупниот број на починати од овој вирус во Иран порасна на 18.427.
Таа информира дека во земјата дијагностицирани се уште 2.020 случаи на овој вирус, со што вкупната бројка на детектирани случаи во земјата се зголеми на 326.712.
Според Лари, 4.022 од вкупниот број на заразени лица се наоѓаат во тешка состојба, додека во земјата оздравеа 284.371 лице.
Лари нагласи дека во Иран досега се направени 2.686.498 тестирања за Ковид-19.