Bojana Stojanovic
09 Август 2020•Ажурирај: 10 Август 2020
БЕЛГРАД
Во Србија девет лица починаа од последиците на Ковид-19 во изминатите 24 часа, заразени се уште 236 лица, а до денес се хоспитализирани 2.999 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Вкупно се регистрирани 28.099 случаи на заразување.
Од вчера, тестирани се 6.251 лица, од кои 236 се позитивни на Ковид-19.
Во претходните 24 часа, починаа уште 9 лица, со што бројката на починати порасна на 641. Процентот на смртност е 2,28 отсто.
На респиратори се 106 пациенти.
Досега се тестирани 747.324 граѓани.