Elena Trenchevska Chekovic
31 Јули 2021•Ажурирај: 02 Август 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 81 нов случај на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 156.380, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период не се регистрирани починати лица од Ковид-19, според што билансот на смртни случаи од вирусот останува 5.493.
Институтот за јавно здравје регистрира 12 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 150.362.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 525.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 5.315 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 976.710 тестирања.