Admir Fazlagic
27 Февруари 2021•Ажурирај: 28 Февруари 2021
СКОПЈЕ
Во последните 24 часа во Република Северна Македонија се регистрирани 721 нов случај на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на лица позитивни на коронавирусот во земјата се искачи на 102.482, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од Ковид-19 во последното деноноќие починаа седум лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 3.126.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 171 оздравени пациенти од Ковид-19, вкупно 91.066 оздравени од почетокот на заразата.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 8.290.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 3.816 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 519.985 тестирања.