Zylfije Adem Jakupi
27 Февруари 2021•Ажурирај: 01 Март 2021
ПРИШТИНА
На Косово во последните 24 часа се тестирани 3.454 примероци сомнителни на Ковид-19, од кои 426 биле позитивни, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Националниот институт за јавно здравје на Косово соопшти дека од последиците на Ковид-19 во последните 24 часа починале 3 лица, со што вкупниот број на смртни случаи во Косово се зголеми на 1.595.
Од почетокот на епидемијата досега тестирани се 303.652 примероци сомнителни на новиот тип коронавирус, од кои 68.777 биле позитивни.
Во последното деноноќие оздравеа 205 лица, вкупно 59.643 од почетокот на заразата во Косово.
Во моментов во оваа земја активни се 7.539 случаи на зараза со Ковид-19.