Балкан, Коронавирус

Северна Македонија: Регистрирани 72 нови случаи на Ковид-19 во последните 24 часа

Од последици предизвикани од Ковид-19 во последното деноноќие починаа 13 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 2.739.

Admir Fazlagic  | 20.01.2021 - Обновена : 21.01.2021
Северна Македонија: Регистрирани 72 нови случаи на Ковид-19 во последните 24 часа

СКОПЈЕ 

Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 72 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19) кои ја зголемија вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата на 89.463, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Од последици предизвикани од Ковид-19 во последното деноноќие починаа 13 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 2.739.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1.023 оздравени пациенти од Ковид-19, a вкупната бројка на излекувани изнесува 74.800.

Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 11.924

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 793 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 435.361 тестирања.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın