Балкан, Коронавирус

Северна Македонија: Регистрирани 557 нови случаи и 28 починати од Ковид-19

Институтот за јавно здравје регистрира 572 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 166.099

Ekipa  | 16.09.2021 - Обновена : 17.09.2021
Северна Македонија: Регистрирани 557 нови случаи и 28 починати од Ковид-19

СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 557 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 185.450, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во истиот период пријавени се 28 починати лица од Ковид-19. Билансот на смртни случаи од вирусот достигна 6.367.

Институтот за јавно здравје регистрира 572 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 166.099.

Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 12.984.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 3.885 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.238.106 тестирања.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.