Балкан, Коронавирус

Северна Македонија: Регистрирани 403 нови случаи на Ковид-19

Од последици предизвикани од коронавирусот во последното деноноќие починаа 10 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 2.682.

Admir Fazlagic  | 15.01.2021 - Обновена : 16.01.2021
Северна Македонија: Регистрирани 403 нови случаи на Ковид-19

СКОПЈЕ 

Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 403 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, кои ја зголемија вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата на 88.389, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Од последици предизвикани од коронавирусот во последното деноноќие починаа 10 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 2.682.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 339 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на излекувани изнесува 69.476.

Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 е 16.231.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.118 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 428.006 тестирања.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın