Балкан, Коронавирус

Северна Македонија: Регистрирани 329 нови случаи и 13 починати од Ковид-19

Институтот за јавно здравје регистрира 200 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 183.227

Ekipa  | 17.10.2021 - Обновена : 18.10.2021
Северна Македонија: Регистрирани 329 нови случаи и 13 починати од Ковид-19

СКОПЈЕ (АА) - Во изминатото деноноќие во Република Северна Македонија регистрирани се 329 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 197.091, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во истиот период пријавени се 13 починати лица од Ковид-19. Дополнително, согласно Регистарот на починати лица со дијагноза Ковид-19, пријавени се уште 5 починати лица со датум на смрт од 20.09.до 02.10.2021 година. Билансот на смртни случаи од вирусот достигна 6.940.

Институтот за јавно здравје регистрира 200 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 183.227.

Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 6.924.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 3.045 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.342.870 тестирања.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.