Elena Trenchevska Chekovic
30 Август 2021•Ажурирај: 31 Август 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 299 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 175.624, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период пријавени се 32 починати лица од Ковид-19. Билансот на смртни случаи од вирусот достигна 5.901.
Институтот за јавно здравје регистрира 545 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 155.646.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 14.077.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.628 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.152.327 тестирања.