Ekipa
26 Септември 2020•Ажурирај: 27 Септември 2020
СКОПЈЕ (АА) - Во Република Северна Македонија во последните 24 часа регистрирани се 141 нов случај на вирусот Ковид-19, со што вкупниот број на случаи на овој вирус во земјата се искачи на 17.483, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство соопшти дека во последното деноноќие од последици предизвикани од Ковид-19 починало едно заразено лице, со што бројката на смртни случаи предизвикани од овој вирус во земјата се искачи на 722.
Институтот за јавно здравје информира дека се регистрирани 94 оздравени пациенти, со што бројката на оздравени пациенти изнесува 14.516.
Во моментот бројот на активни случаи во Северна Македонија е 2.245.
Во земјата досега направени се вкупно 184.097 тестирања на Ковид -19, од кои 1.559 во последните 24 часа.