Husamedin Gina
01 Септември 2020•Ажурирај: 02 Септември 2020
СКОПЈЕ (АА) – Во Северна Македонија во изминатите 24 часа регистрирани се 115 нови случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на дијагностицирани случаи во земјата се искачи на 14.455, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство информира дека починато е едно лице, со што вкупната бројка на смртни случаи како последица на Ковид-19 во земјата се искачи на 604.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 368 оздравени пациенти од Ковид-19, а вкупната бројка на излекувани од вирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 11.525.
Во моментот активни се 2.326 случаи со Ковид-19.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.665 тестирања за вирусот. Досега во земјата се реализирани вкупно 149.934 тестирања за Ковид-19.