Stipe Majic
01 Септември 2020•Ажурирај: 04 Септември 2020
ЗАГРЕБ (АА) - Во последните 24 часа се регистрирани 145 нови случаи на Ковид-19, соопшти Центарот за цивилна заштита на Републука Хрватска, јавува Агенција Анадолија (АА).
Со 145-те новозаразени, бројот на активни случаи во Хрватска денес изнесува 2.492.
Меѓу нив 258 пациенти се на болничко лекување, од кои на респиратор се 14 пациенти. Едно лице почина.
„Од 25 февруари 2020 година, кога е забележан првиот случај на вирусот во Хрватска, до денес евидентирани се 10.414 лица заразени со новиот тип на коронавирус, од кои 187 починаа, 7.735 се оздравени“, се соопштува од Центарот.
Во самоизолација моментално се наоѓаат 8.808 лица.
До денес тестирани се вкупно 171.224 лица, од кои 2.995 во последните 24 часа.