Oktaj Omeragikj
14 Август 2021•Ажурирај: 16 Август 2021
СКОПЈЕ
Во последните 24 часа во Република Северна Македонија тестирани се 9.270 примероци сомнителни на новиот тип на коронавирусот (Ковид-19), од кои 792 биле позитивни, зголемувајќи ја вкупната бројка на лица позитивни на коронавирус на 161.359, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период регистрирани се 10 починати од последици на заразеност со Ковид-19, со што билансот на смртни случаи од вирусот во земјата се искачи на 5.542.
Институтот за јавно здравје на Северна Македонија соопшти дека во последното деноноќие од Ковид-19 оздравени се 104 пациенти, вкупно 150.774 од почетокот на пандемијата досега.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 5.043.
Министерството за здравство информира дека досега во земјата е спроведено тестирања на вкупно 1.055.312 случаи сомнителни на Ковид-19.