Балкан, Коронавирус

Северна Македонија: Од Ковид-19 починаа уште 3 лица, регистрирани 148 новозаразени

Вкупниот број на смртни случаи како последица на Ковид-19 во земјата се искачи на 725

Furkan Abdula  | 27.09.2020 - Обновена : 28.09.2020
Северна Македонија: Од Ковид-19 починаа уште 3 лица, регистрирани 148 новозаразени

СКОПЈЕ (АА) - Во Северна Македонија во изминатите 24 часа се регистрирани 148 нови случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на дијагностицирани случаи со овој вирус во земјата се искачи на 17.629, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Министерството за здравство на земјата информира дека починале уште 3 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи како последица на Ковид-19 во земјата се искачи на 725.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 65 оздравени пациенти од Ковид-19, а вкупната бројка на оздравени од вирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 14.581.

Во моментот активни се 2.323 случаи со Ковид-19.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.224 тестирања за вирусот. Досега во земјата се реализирани вкупно 185.321 тестирање за Ковид-19.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın