Admir Fazlagic
12 Декември 2020•Ажурирај: 13 Декември 2020
СКОПЈЕ
Во последните 24 часа во Република Северна Македонија починаа 19 лица поради последиците од заразувањето со коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати лица од овој вирус во земјата се искачи на 2.096, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последното деноноќие се регистрирани 982 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на регистрирани случаи со овој вирус во земјата се искачи на 73.025.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 556 оздравени пациенти од Ковид-19, со што вкупната бројка на оздравени пациенти е 48.726.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 изнесува 22.203.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.805 тестирања на Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 363.021.