Furkan Abdula
10 Декември 2021•Ажурирај: 11 Декември 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатото деноноќие во Република Северна Македонија регистрирани се 361 нов случај на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 218.723, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период пријавени се 8 починати лица од Ковид-19. Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 7 починати лица со датум на смрт од 26.11.2021 до 08.12.2021. Билансот на смртни случаи од вирусот достигна 7.710.
Институтот за јавно здравје регистрира 433 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 205.303.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 5.620.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 3.028 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.496.479 тестирања.