Балкан, Коронавирус

Северна Македонија: Нови 342 заразени и 7 починати од коронавирусот

Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 во земјата изнесува 8.037

Husamedin Gina  | 03.12.2021 - Обновена : 04.12.2021
Северна Македонија: Нови 342 заразени и 7 починати од коронавирусот

СКОПЈЕ (АА) - Во изминатото деноноќие во Република Северна Македонија регистрирани се 342 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 216.670, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во истиот период пријавени се 7 починати лица од Ковид-19. Билансот на смртни случаи од вирусот достигна 7.616.

Институтот за јавно здравје регистрира 348 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 201.017.

Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 8.037.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа реализирани се 2.349 ​​​​​​​тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.478.883 тестирања.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.