Husamedin Gina
04 Јануари 2022•Ажурирај: 05 Јануари 2022
СКОПЈЕ
Во изминатото деноноќие во Република Северна Македонија регистрирани се 1.197 нови случаи на коронавирусот Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 227.168, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период пријавени се 12 починати лица од Ковид-19. Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој термин, пријавени се 3 починати лица со датум на смрт од 23.12.2021 до 2.1.2022 г. Билансот на смртни случаи од вирусот достигна 7.996.
Институтот за јавно здравје регистрира 331 оздравен пациент од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 213.505.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 5.667.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 7.483 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.619.276 тестирања.
Меѓу другото, Министерството за здравство ја информира јавноста дека во лабораторијата за вирусологија на Институтот за јавно здравје се направени анализи за детекција на сојот Омикрон на вирусот SARSCoV2.
Според тоа, во лабораторијата се анализирани 24 примероци позитивни на SARSCoV2, од пациенти од Скопје, Кочани, Велес, Гевгелија и Богданци.
Од вкупниот број тестирани, кај 9 пациенти детектирана е омикрон-варијантата на вирусот, што изнесува 37,5 отсто од позитивните примероци.
Меѓу новозаразените позитивни на Омикрон варијантата на Ковид19 едно лице е од Кочани, а преостанатите се од Скопје.