Балкан, Коронавирус

Северна Македонија: Евидентирани 86 нови случаи и еден починат од Ковид-19

- Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 541.

Furkan Abdula  | 20.05.2022 - Обновена : 21.05.2022
Северна Македонија: Евидентирани 86 нови случаи и еден починат од Ковид-19

СКОПЈЕ (АА) - Во изминатите 24 часа во Северна Македонија регистрирани се 86 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на пандемијата во земјата достигна 311.199, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Пријавено е едно починато лице од Ковид-19, со што билансот на смртни случаи во земјата достигна 9.297.

Институтот за јавно здравје регистрира 86 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 301.361.

Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 541.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа реализирани се 1.167​​​​​​​ тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 2.043.694 тестирања.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.