Furkan Abdula
21 Јули 2022•Ажурирај: 22 Јули 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатите 24 часа во Северна Македонија регистрирани се 788 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на пандемијата во земјата достигна 321.386, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Пријавени се 4 починати лица од Ковид-19, со што билансот на смртни случаи во земјата достигна 9.349.
Институтот за јавно здравје регистрира 541 оздравен пациент од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 308.199.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 во земјата изнесува 3.838.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа реализирани се 1.631 тестирање за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 2.104.009 тестирања.