Furkan Abdula
06 Октомври 2022•Ажурирај: 07 Октомври 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатите 24 часа во Северна Македонија регистрирани се 55 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на пандемијата во земјата достигна 343.263, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Не се пријавени нови починати лица од Ковид-19, со што билансот на смртни случаи во земјата остана исто, односно изнесува 9.542.
Институтот за јавно здравје регистрира 55 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 333.274.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 447.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа реализирани се 644 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 2.166.201 тестирање.