Furkan Abdula
17 Март 2022•Ажурирај: 18 Март 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатите 24 часа во Северна Македонија регистрирани се 324 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на пандемијата во земјата достигна 302.548, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Пријавени се 3 починати лица од Ковид-19, со што билансот на смртни случаи во земјата достигна 9.162.
Институтот за јавно здравје регистрира 287 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 291.431.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 1.955.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа реализирани се 2.290 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.930.788 тестирања.