Furkan Abdula
18 Јули 2022•Ажурирај: 19 Јули 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 3 дена во Северна Македонија регистрирани се 899 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на пандемијата во земјата достигна 319.037, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Не се пријавени нови починати лица од Ковид-19, со што билансот на смртни случаи во земјата остана исто, односно изнесува 9.339.
Институтот за јавно здравје регистрира 670 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 306.979.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 во земјата изнесува 2.719.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа реализирани се 2.466 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 2.098.561 тестирање.