Балкан, Коронавирус

Северна Македонија: Во последните 24 часа регистрирани 721 нов случај на Ковид-19

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1.753 оздравени пациенти од Ковид-19, a вкупната бројка на излекувани изнесува 93.942

Furkan Abdula  | 04.03.2021 - Обновена : 05.03.2021
Северна Македонија: Во последните 24 часа регистрирани 721 нов случај на Ковид-19

СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 721 нов случај на коронавирусот (Ковид-19) кои ја зголемија вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата на 105.269, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Од последици предизвикани од Ковид-19 во последното деноноќие починаа 9 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 3.165.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1.753 оздравени пациенти од Ковид-19, a вкупната бројка на излекувани изнесува 93.942.

Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 8.162.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 3.323 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 533.505 тестирања.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.