Husamedin Gina
01 Јули 2021•Ажурирај: 02 Јули 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 5 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата изнесува 155.689, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од Ковид-19 во последното деноноќие почина едно лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 5.485.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 86 оздравени пациенти од Ковид-19, a вкупната бројка на оздравени изнесува 150.063.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 141.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.531 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 881.870 тестирања.