Furkan Abdula
08 Август 2021•Ажурирај: 09 Август 2021
Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 398 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19) кои ја зголемија вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата на 158.025, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период регистрирани се четири починати лица од Ковид-19, според што билансот на смртни случаи од вирусот се искачи на 5.507
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 18 оздравени пациенти од Ковид-19, a вкупната бројка на оздравени изнесува 150.524.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 1.994.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 6.383 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.019.192 тестирања.