Zylfije Adem Jakupi
08 Август 2021•Ажурирај: 09 Август 2021
Во Косово како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа не се регистрирани починати лица. Вкупниот број смртни случаи во земјата останува иста, односно 2.271, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во соопштението се вели дека се дијагностицирани уште 269 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот во земјата од почетокот на епидемијата се искачи на 109.931.
Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија и во приватните лаборатории се направени 4.492 тестирањa за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово реализирани се вкупно 763.490 тестирањa.
Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 105.757 лица. Во моментов во земјата има 1.903 активни случаи.