Adam Abu-bashal
08 Август 2021•Ажурирај: 09 Август 2021
Бројот на дијагностицирани случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19) на африканскиот континент надмина 7 милиони и 41 илјада, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Интернет страницата „Worldometers“ објавува ажуриран преглед на глобалната епидемиолошка слика од почетокот на пандемијата на Ковид-19.
Според последните податоци, вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот во Африка се искачи на 7.041.206.
Исто така, вкупната бројка на починати на овој континент се зголеми на 177.081.
Во Африка од коронавирусот досега се опоравиле вкупно 6.141.172 лица.
Најмногу откриени случаи со овој вирус се регистрирани во Јужноафриканската Република, Мароко, Тунис, Етиопија, Египет и Либија.
Најмногу смртни случаи од Ковид-19 се регистрирани во Јужноафриканската Република, Египет и Тунис.
Според податоците на Центарот за контролирање и спречување на болести на Африка, вакцинирани се само 1,46 отсто од населението на овој континент кој брои 1,3 милијарди жители.