Ahmet Nurduhan
01 Април 2025•Ажурирај: 03 Април 2025
ПРИШТИНА (АА) – Во нападот со рачна бомба врз поштенската канцеларија во Звечан, Северно Косово, предизвикана е материјална штета, пренесува Анадолу.
Во писменото соопштение на косовската полиција се потврдува дека синоќа на канцеларијата на Поштата на Косово во Звечан биле фрлени две рачни бомби.
Според полицијата, една од бомбите експлодирала во моментот на нападот, а другата била безбедно деактивирана од полициските екипи на местото на настанот.
Во соопштението се наведува дека во инцидентот нема загинати или повредени, а предизвикана е само материјална штета во објектот на поштенската канцеларија.
Косовската полиција најостро го осуди нападот и ги повика надлежните институции на соработка за идентификација на сторителите.
Минатата година во северниот дел на Косово, каде што мнозинството население се Срби, беа затворени девет филијали на српската пошта (Пошта Србије) во полициска акција на косовските институции. На местото на тие филијали пред неколку дена започнаа со работа поштенски канцеларии на Поштата на Косово.