Furkan Abdula
07 Август 2021•Ажурирај: 08 Август 2021
Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 378 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19) кои ја зголемија вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата на 157.627, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период регистрирано е едно починато лице од Ковид-19, според што билансот на смртни случаи од вирусот се искачи на 5.503.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 25 оздравени пациенти од Ковид-19, a вкупната бројка на оздравени изнесува 150.506.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 1.618.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 7.647 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.012.809 тестирања.